Реакција на наводите од страна на општина Прилеп

Објавено на 11 Август, 2020 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија изразува разочарување од односот на одговорните лица во Општина Прилеп и изјавите споделени од страна на градоначалникот на општината, Илија Јованоски кои се однесуваат на реконструкцијата на стадионот “Гоце Делчев” и договорените обврски меѓу Фудбалската федерација на Македонија и општина Прилеп.

Фудбалската федерација на Македонија не бара благодарност за целокупниот придонес кој го даде во реализација на целиот проект, но очекуваме барем почит и пристоен дијалог, по се што ова раководство на федерацијата направи за реконструкцијата на стадионот и ги исполни сите обврски од договорот.

Како сериозна и транспарентна организација го споделуваме договорот со општина Прилеп за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ во кој се наведени обврските на договорните страни.


Во однос на точките кои општина Прилеп ги сподели како нереализирани од страна на ФФМ, потенцираме, а тоа е јасно наведено во договорот, дека ФФМ нема обврска за поставување на тревник зад двата гола, но изразуваме подготвеност да го реализираме и тој дел, односно ФФМ да постави тревна површина зад двата гола, во услови кога временските прилики ќе дозволат да се направи тоа.

Во однос на рефлекторското осветлување потенцираме дека по извршените тестови, извештајот од надзорот за осветлувањето потврди дека истото функционира според сите домашни и меѓународни стандарди. 

Една од важните забелешки е дека општина Прилеп треба да изгради трафостаница за снабдување со електрична енергија, а потоа да се изврши фокусирање на светлото за рефлекторите.

Сметаме дека е беспредметно да навлегуваме во расправа или убедување во однос на забелешката за „нивелирање на прскалка“ за тревната површина во услови кога сите присутни и од страна на инвеститорот и страна на надзорот констатираа дека се испочитувани сите стандарди со поставувањето на новата тревна подлога (тревни бусени), модерен дренажен систем и нов автоматски систем за иригација - полевање, нова песочна подлога и тревен бусен од природна трева.

Во продолжение може да го преземете договорот со потпишаните обврски за реконструкција на стадионот меѓу Фудбалска федерација на Македонија и општина Прилеп.

ФФМ договор Општина Прилеп.pdf 



   
   
А репрезентација