Првите луѓе на ФФМ на состанок со асоцијациите членки и раководството на УЕФА

Објавено на 17 Мај, 2019 во Вести

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата најдобра фудбалерка и посакаа многу среќа во утрешното финале во Лигата на Шампионите.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски учествуваат на состанок со асоцијациите членки на УЕФА и раководството на европската фудбалска асоцијација на кој се разговара за иднината на УЕФА натпреварувањата, со посебен акцент на новото (трето) натпреварување (работен наслов: УЕФА Европа Лига 2) за кое УЕФА во декември минатата година даде одобрување за почеток од сезоната 2021. 

Со новото натпреварување, кое ќе го отсликува форматот на постоечката Лига на Шампиони и Лига на Европа, повеќе клубови од повеќе асоцијации ќе бидат дел од елитниот европски фудбал. Вкупно 32 екипи ќе учествуваат во групната фаза, а ќе бидат одиграни 141 натпревар.

Претседателот и генералниот секретар на ФФМ денеска во Будимпешта имаа средба и со нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова и македонскиот репрезентативец и член на МОЛ Види, Бобан Николов. Наташа Андонова утре во главниот град на Унгарија со Барселона ќе игра финале во женската Лига на Шампиони против француски Лион. Сејдини и Поповски и посакаа многу среќа на Наташа и ќе и дадат поддршка на стадионот на Ференцварош. 

Сите сонуваме за успех и победа во утрешното финале, го сакаме пехарот. Целата кариера работам за таа цел, да се искачам на европскиот врв. Нашите шанси се големи за победа и за добар резултат кој ќе ни ја донесе европската круна. Целиот тим размислува победнички, атмосферата е повеќе од позитивна. Знам дека можеме да успееме во нашите цели“, вели Наташа Андонова.

На состанокот во Будимпешта, УЕФА за прв пат ја претстави својата стратегија за женскиот фудбал.

Под слоганот #TimeForAction (#ВремеЗаАкција), европската фудбалска организација УЕФА ја претстави својата стратегија за развој на женскиот фудбал.

Стратегијата на УЕФА за женскиот фудбал е дел од општата стратегија на европската куќа на фудбалот „Заедно за иднината на фудбалот“ за периодот од 2019. до 2024. година. Меѓу амбициозните цели во стратегијата се наоѓаат зголемувањето на бројот на активни фудбалерки во Европа (од 1.3 на 2.5 милиони) и двојно зголемување на гледаноста на женската Лига на Шампиони и Европското првенство за жени, промена на јавното мислење за женскиот фудбал и подобрување на стандардот на фудбалерките во сите земји членки на УЕФА.



   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација