Протокол за спроведување на мерки за заштита од COVID-19 при одржување на тренинзи и одигрување натпревари

Објавено на 30 Јуни, 2020 во Документи, Прва МФЛ, Втора МФЛ, Вести


Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19  на состанокот одржан на 30. јуни го разгледа и прифати дополнетиот Протокол за спроведување на мерки за заштита од COVID-19 при одржување на тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари доставен од Фудбалската федерација на Македонија.

Нашата „Куќа на фудбалот“, истиот го сподели со клубовите од МФЛ и сите се должни безусловно да ги спроведуваат насоките, препораките и мерките запишани во Протоколот во насока на заштита на здравјето на сите чинители во фудбалската игра.

Во продолжение можете да го преземете официјалниот Протокол за спроведување на мерки за заштита од COVID-19 при одржување на тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари одобрен на осумдесет и осмата седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 .

Протокол за одржување тренинзи и натпревари - ФФМ.pdf 



   
   
А репрезентација