Промена на рокот за пријавување на испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агенти

Објавено на 10 Јануари, 2025 во Вести


Рокот за пријавување на кандидати за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент е во периодот од 4 март до 17 април 2025 година, а испитот ќе се одржи на 18 јуни 2025 година.

Сите заинтересирани лица доколку не се уште регистрирани, да се регистрираат како нови, тоа можат да го направат на:

а) платформата: agents.fifa.com

б) апликантите треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Правилникот за ФИФА фудбалски агенти.

в) успешно да го положат испитот кој го спроведува ФИФА (електронски).

г) доколку успешно го положат испитот да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФА во износ од 600 долари.

ФИФА дополнително ќе ги соопшти одредбите и условите за испитот за ФИФА фудбалски агенти, како и правилата за испитот кои ќе бидат објавени на платформата и на веб страната на ФФМ.

За сите прашања и информации во врска со стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент можете да се обратите кај одговорните лица од ФФМ, Јана Смугреска Маркоски, jana.markoski@ffm.com.mk и Александра Ѓурчиновска, aleksandra.gjurcinovska@ffm.com.mk, тел: 075339716.




   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација