Пријава за клупско лиценцирање за сезона 2024-2025

Објавено на 07 Декември, 2023 во Лиценцирање, Вести


Фудбалската Федерација на Македонија преку своето одделение за лиценцирање упатува покана до клубовите од Прва, Втора и Трета МФЛ, како и клубовите од Прва ЖФЛ за доставување на пријава за клупско лиценцирање за сезона 2024/2025. 

Клубовите од Прва МФЛ можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за натпреварувањата на ФФМ. Клубовите од Втора МФЛ (исток и запад) можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ или Втора МФЛ, клубовите од Трета МФЛ може да достават пријава само за лиценцирање за натпреварувања само во Втора МФЛ.

Клубовите од Прва ЖФЛ можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за ФФМ натпреварувањата.

Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (мажи) се доставуваат најдоцна до 20.12.2023 (среда) со прилог уплатена такса од 500,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (жени) се доставуваат најдоцна до 20.12.2023 (среда) со прилог уплатена такса од 300,оо евра во денарска противвредност

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ се доставуваат најдоцна до 20.12.2023 (среда ) со прилог уплатена такса од 350,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Втора МФЛ се доставуваат најдоцна до 20.12.2023 (среда ) со прилог уплатена такса од 200,оо евра во денарска противвредност

Клубовите своите пријави уредно пополнети, потпишани и заверени треба да ги достават во наведениот рок а преку архивата на ФФМ. По доставувањето на пријавите, Одделението за лиценцирање на сите клубови, соодветно на пријавата, ќе им ги достави потребните информации околу понатамошниот тек на лиценцирањето.

Уплатата на соодветните такси се врши на следната сметка:

300000001599760 Комерцијална Банка

Примач: ФФМ - Скопје

Цел на дознака: за Клупско лиценцирање за сезона 2024/2025 за (соодветното натпреварување).

Пријава за лиценцирање (1).doc 

Временска Табела 2024-2025.pdf 



   
   
А репрезентација