Претседателот на ФФМ оствари состанок со првиот човек на Унгарската фудбалска Федерација

Објавено на 10 Март, 2015 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски во „Куќата на фудбалот“  оствари работна средба со претседателот на Унгарскиот фудбалски Сојуз, Шандор Чани. На средбата со Ѓорѓиоски, првиот човек на унгарскиот фудбал ја претстави својата програма како кандидат за член на Извршниот комитет на УЕФА. Регионалното клупско натпреварување што како иницијатива и предлог до УЕФА го претстави ФФМ беше исто така тема на разговор меѓу двајцата претседатели.

- На состанокот разговаравме за бројни фудбалски теми, претседателот на Унгарската фудбалска Федерација ја претстави својата програма како еден од кандидатите за член на Извршниот комитет на УЕФА, а многу отворено и искрено зборувавме и за нашата иницијатива до УЕФА за регионално клупско натпреварување. Ние имаме одлични односи со Унгарската федерација и преку разни програми и проекти  се обидуваме да ја продлабочиме соработката. Тие имаат големо искуство во работата со едукацијата на тренерите и фудбалските академии, а тоа е еден од најважните сегменти во нашата работа. Нивната помош и искуство во тој дел ќе ни биде од голема корист. Нашите млади репрезентации многу често се гости или домаќини на унгарските селекции во тренинг камповите на двете федерации што е само потврда за добрата соработка. Се надевам дека ќе соработуваме и во иднина, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски. 




   
   
А репрезентација