Објавено на 19 Мај, 2023 во Куп на Македонија, Вести
Пред нас е 30-то јубилејно финале на Купот на Македонија.Во него се среќаваат МакедонијаЃП и Струга ТЛ, екипи кои покажаа најмногу во оваа сезона во ова натпреварување и затоа заслужено се најдоа во завршниот меч кој одлучува кој ќе го добие пехарот.
Македонија ЃП е бранител на купот, додека Струга Трим Лум за првпат вo својата историја ќе биде дел од овие финалени мечеви. Значи тимот од Ѓорче ќе оди по својот трет пехар, додека стружани во својот деби финален меч го очекуваат првиот трофеј.
Во пресрет на утрешниот финален меч од Купот на Македонија, прес-конференција оддржаа тренерите и капитените на двата тима.
Горан Симов - тренер на Македонија Ѓ.П.
"Ќе играме на добар терен, против силен противник и нè очекува убаво време. Се надеваме дека тоа ќе води кон убав натпревар, вистинско финале. Струга Трим Љум го освои трофејот во Прва МФЛ и имаат одлични играчи, дел од нив многу искусни кои ги освоиле сите домашни трофеи. Ние сме максимално подготвени за финалето, мислам дека притисокот ќе биде врз противникот. Македонија Ѓорче Петров ќе направи се за да го задржи пехарот“.
Филип Мишевски - капитен на Македонија Ѓ.П.
„Сметам дека фактот што имаме одиграно повеќе финалиња е предност за нас. Ќе биде тешко, трите нерешени средби сезонава се доказ дека ќе биде неизвесно. Македонија Ѓ.П како клуб има повеќе финалиња, но Струга Трим Љум е искусна и многу квалитетна екипа. Ќе дадеме сè од себе да го одраниме трофејот, не криеме дека одиме на победа“
Шпетим Дуро - тренер на Струга Трим Љум
„Чест и задоволство е да се игра, да се биде учесник, да се биде тренер во едно големо куп финале за една земја. И двете екипи според она што го покажаа досега во ова натпреварување и тоа како заслужија. Кога ќе се пласираш во едно финале значи имаш квалитет, тука нема никакви дилеми. Струга Трим Лум стана шампион, тоа за нас е голема работа, го донесовме пехарот во градот Струга. Ова за нас беше историски момент. Сега ни се дава шанса да дојдеме до двојната круна и ќе се обидеме да ја искористиме оваа шанса. Очекувам добар меч, добро финале, секако очекувам триумф на нашиот тим, на Струга Трим Лум“.
Бенјамин Шабани - капитен на Струга Трим Љум
„Кога се игра еден ваков натпревар не ти треба дополнителна мотивација, значењето на самиот меч е доволно да те мотивира. Јас сум дел од најголемите успеси на Струга Трим Лум и затоа сум горд што пред некој ден станавме шампиони во првенството, сега на ред е двојната круна. Тимот од Ѓорче заслужува голем респект. Во првенството одигравме три меча и сите завршија без победник, веројатно тоа гарантира едно неизвесно финале. Сепак, ние сме шампиони и секако дека посакувам уште еден трофеј“.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...