Последен ден од апликацијата "Најверната придружба"

Објавено на 28 Март, 2015 во Вести

Последен ден за гласање и учество во апликацијата ’Најверната придружба’

Гласањето за апликацијата ќе трае до вечер до полноќ а победниците ќе бидат објавени утре, на 29 март. 

Само 26 деца ќе можат да ги придружуваат репрезентативците на натпреварот Македонија - Австралија во понеделник на 30 март, затоа споделувајте ги вашите фотографии и собирајте лајкови. 

Како што е веќе наведено, во играта учествуваат сите деца (машки и женски) на возраст од 5 до 8 години. Во изборот не смее да учествуваат деца помали од 5 години и повисоки од 140 сантиметри.

Победниците ќе бидат навремено известени по мејл и ќе им бидат доставени сите информации околу организацијата за денот на натпреварот.



   
   
А репрезентација