Почнува семинарот за едукација на тренери специјалисти

Објавено на 06 Септември, 2016 во Вести, Семинари


Центарот за Едукација при Фудбалска Федерација на Македонија согласно УЕФА тренерската конвенција и програмата за едукација на тренери специјалисти  ја почнува обуката на тренери на голмани со организација на семинар за добивање на Национална Б лиценца за тренери на голмани.

Семинарот ќе се одржи во Куќата на Фудбалот на ФФМ во Скопје и на терените на тренинг центарот “Петар Милошевски“ и почнува на 6 Септември 2016 во 11.30 часот.

За овој семинар УЕФА одреди ментор. Г-дин Јан Ерик Стиненсен, кој ќе ја набљудува организацијата и реализацијата на програмата.

Со почит,

Центар за едукација




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација