Паралелката од Скопје ја победи со 2-0 охридската паралелка

Објавено на 19 Декември, 2014 во Вести, Фудбалска академија


На тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот" контролен натпревар одиграа фудбалските паралелки на Скопје и Охрид.

Победа од 3-0 славеа младите фудбалери од скопската паралелка.

Паралелката од Скопје одигра квалитетен меч, беше подобар противник, доминираше речиси во текот на целата средба и сосема заслужено издвојува убедлива победа од 3-0. Првиот гол го постигна Здравковски Никола. Со автоголот на Положани Аритон скопската паралелка зголеми на 2-0, а третиот и последен гол на оваа пресметка беше дело на Димовски Никола.

Звонко Златановски и Роберт Стојановски, предводниците на скопската паралелка натпреварот го започнаа во следниот состав: Тимовски Бојан, Бесар Буши, Факиќ Мери, Здравковски Никола, Насковски Гоце, Беслими Гент, Фазлагиќ Енис, Алексовски Филип, Димовски Никола, Адиловски Астрит, Трпески Даниел. Прилика во второто полувреме добија Мустафи Бесим, Филиповски Леонид, Фетиши Аган, Павиќ Михаил, Вукановиќ Дарко, Канзуров Петар, Петрески Стефан, Трпевски Александар, Јакимовски Дарко, Стојменов Дејан, Дрилон Саити, Павловски Томче, Тодоровски Дарко.

Тренерите на паралелката од Охрид, Гоце Толески дуелот го започнаа во состав: Гиноски Лазар, Илиески Љупчо, Петрушески Стефан, Малески Петар, Адем Адем, Арифи Сокол, Аврамовиќ Никола, Дили Каба, Положани Аритон, Тасески Душко. Можност за настап во продолжението добија: Стефановски Мики, Мерко Верон, Балоски Борче, Балески Влатко, Скрчески Танче, Шеќероски Наум, Зејноски Исеини, Маркоски Кристијан, Јовчевски Димитар.




   
   
А репрезентација