Официјална прес-конференција на македонската А репрезентација

Објавено на 15 Јуни, 2023 во Вести, Вести


Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Македонија и Украина на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје, прес - конференција одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Стефан Ристовски.

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација: 

Од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да очекуваме да го дадат својот максимум. Кој ќе настапи и колку ќе игра зависи од физичката подготвка на секој поединечно, а за натпреварувачка форма не можеме многу да зборуваме, туку за она кој од нив е близу до натпреварувачки ритам. Она што ме прави задоволен во овој изминат период, од 2 јуни па наваму, мислам дека успеавме да направиме баланс од оние кои завршија подоцна, со оние кои порано завршија со своите шампионати. Има крв и желба кај сите за овој натпревар и тоа ќе ни биде еден од условите за натпреварот со Украина, тоа ќе биде максимална трка и физичка подготвеност. Ќе мора да бидеме на 100%, затоа што Украина е извонредно квалитетна селекција и екипно и индивидуално“.

„Овој меч ќе биде поразличен од тој со Германија, мислам пред сѐ во пристапот на Украина, но тоа не значи дека не сме подготвени. Ги анализиравме, имаат нов селектор, ги анализиравме и од мечот на Европско и други мечеви, но и мечот со Германија. Заклучокот е дека се извонредно силна селекција. Ние мора да бидеме и на повисоко ниво од нашето, ако сакаме успешен резултат

Стефан Ристовски - капитен на македонската А репрезентација: 

Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч. 

- Ако сакаш нешто повеќе со вакви селекции, не може само да се браниш, мора нешто да направиме и во офанзива, да задржиме топка. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Спремни сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат“. 






   
   
А репрезентација