Објавено на 14 Август, 2015 во Вести
На делегатскиот собир, претседателот на натпреварувачката комисија Васко Дојчиновски детално ги презентираше новитетите во пропозициите за новата натпреварувачка сезона и правилниците за натпреварите од двете конкуренции. Укажувањето на измените за новата сезона, Фудбалската федерација на Македонија го реализира со цел делегатите да се запознаат со пропишаните измени, да го сфатат значењето на промените и да бидат единствено насочени кон квалитетна организација на натпреварите.
Во денешната програма на состанокот беше вклучено и стандардното тестирање на делегатите за потврдување и обновување на нивното знаење.
Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...