Одреден распоредот на натпревари во Првата и Втората МФЛ за сезоната 2014/15

Објавено на 14 Јули, 2014 во Прва МФЛ, Втора МФЛ, Вести


Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беше одреден распоредот на натпреварите за новата натпреварувачка сезона во Првата и Втората македонска фудбалска лига. На програмата од првиот круг од сезоната 2014/15. актуелниот шампион Работнички отвора на домашен терен против градскиот ривал Металург во реприза од ланското финале на Купот на Македонија. Големо внимание во натпреварите од воведното коло привлекува вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар. Тимот на Шкендија стартува против штипска Брегалница, Силекс го пречекува Турново, додека Ренова во дуелот од првото коло е домаќин на Тетекс. Почетокот на натпреаврите од новата сезона во Првата лига е закажан за 3. август 2014. во 17.30 часот.

Распоред Прва Лига 2014-2015.pdf 

Натпреварите од Втората лига започнуваат на 9. август 2014. во 17.30 часот, двојките за првото коло се следните: Еуромилк – Кожуф, Шкупи – Дрита, Врапчиште – Напредок, Младост – Македонија Ѓ.П. и Скопје – Гостивар.

 

Распоред Втора Лига 2014-2015.pdf 




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација