Одлуки од одржаната седница на Управен Одбор на Фудбалска Федерација на Македонија на 10.12.2015 год.

Објавено на 10 Декември, 2015 во Одлуки, Вести


На седницата на управниот одбор која се одржа во четврток на 10. декември меѓу другото беа донесени и следните одлуки:

-  Беа усвоени извештаите од органите и телата на Фудбалската Федрација на Македонија од есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2015/16;

-  Се усвои правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА;

-  Беа донесени пропозициите за КУП натпреварувањето во мал фудбал

-  Се утврди предлог буџетот за 2016 година;

-  Се именуваше досегашниот вршител на должност селектор на А репрезентацијата, Игор Ангеловски во Селектор на А Репрезентација;

-  Се именуваше досегашниот вршител на должност генерален секретар на ФФМ, Филип Поповски во Генерален Секретар на Фудбалска Федерација на Македонија.

На седницата управниот одбор ги потврди и номинациите и добитниците на награди за манифестацијата Најдобрите во Македонскиот Фудбал за сезона 2014/15, кои ќе бидат свечено доделени на 15. декември, 2015 г. во Македонскиот Народен Театар со почеток во 19.00 часот.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација