Одлуки на Комисија за лиценцирање на ФФМ за учество на клубови од МФЛ во УЕФА натпреварувања за сезона 2021/22

Објавено на 21 Мај, 2021 во Лиценцирање, Вести


Одделнието за лиценцирање информира дека Комисијата за лиценцирање на ФФМ по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 во кој се пријавија сите 12 клубови од Прва МФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:

1.  ФК Академија Пандев АД - Струмица

2.  ФК Македонија ЃП 1932 АД - Скопје

3.  ФК Работнички АД - Скопје

4.  ФК Ренова АД - с.Џепчиште

5.  ФК Силекс АД - Кратово

6.  ФК Струга ТримЛум АД - Струга

7.  ФК Шкендија АД - Тетово

8.  ФК Шкупи 1927 АД - Скопје

Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:

1.  ФК Беласица АД - Струмица

2.  ФК Вардар АД - Скопје

3.  ФК Пелистер АД - Битола

ФК Борец 1919 АД - Велес се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2021/22.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација