Објавено на 26 Ноември, 2023 во Вести
Поради снежни врнежи во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ , Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи натпреварите од 15 коло во Прва МФЛ во Кратово и Струга, односно натпреварите ФК Силекс - ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум - ФК Воска Спорт. Мечевите се пренасочени да се одиграат на 06.12.2023 година (среда) со почеток од 13.00 час.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...