Одиграни првите мечеви од баражите за пополнување на ПМФЛ и ВМФЛ

Објавено на 25 Мај, 2016 во Вести


Денеска низ стадионите во Македонија беа одиграни првите натпревари од баражите за пополнување на ПМФЛ И ВМФЛ.

На градскиот стадион во Ѓорче, екипата на Пелистер оствари значајна победа од 2:1 над Хоризонт Турново во првиот од двата предвидени дуела за промоција во Првата лига на Македонија. Хоризонт Турново преку Пандев во 4. минута поведе со 1:0, меѓутоа фудбалерите на Пелистер со два удара од белата точка направија комплетен резултатски пресврт пред реваншот кој на програмата е во недела, на 29 Мај. Погодоците од пенал беа дело на Благојче Марковски

Фудбалерите на Академија Пандев во еден возбудлив натпревар одигран на градскиот стадион во Кочани славеше победа со 2:1 над екипата на Гоблен. Со овој триумф, екипата на Академија Пандев си ги зголеми шансите за промоција во второлигашкото друштво за прв пат по своето формирање. Преку Заид Мемеди, тимот на Гоблен поведе со 1:0, меѓутоа во продолжението од средбата Академија Пандев најпрво го израмни резултатот со афтогол на противникот. Зоран Златковски ги постави конечните 2:1.

Љубанци оствари сигурна победа со 3:1 над Новаци во првиот натпревар кој беше одигран во Кичево. Благодарение на хет - трикот на Хаџија Дестан, фудбалерите на Љубанци славеа убедлив триумф.

Реванш дуелите од баражите за пополнување на прволигашкото и второлигашкото друшво ќе се одиграат на 29 мај (недела), со почеток од 16.00. часот.



   
   
А репрезентација