Одигран селективниот натпревар за играчи од генерацијата 1996 и 1997

Објавено на 26 Април, 2016 во Вести, До 21 год, До 19 год


На тренинг центарот „Петар Милошевски” во комплексот „Куќа на фудбалот” денеска се одржа селективен натпревар меѓу фудбалери од генерациите 1996 и 1997 – ма организиран одФудбалската федерација на Македонија, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски и неговиот стручен штаб.

Тимот предводен од тренерот Роберт Стојановски издвојуваше победа со 2:1. Натпреварот започна одлично за тимот 1, кој со голот на Михаило Маневски поведе со 1:0 во 20. минута од средбата. Во првиот дел Петар Петковски и Влатко Стојановски пропуштија добри прилики за израмнување на резултатот.

Во продолжението, видовме уште по еден гол во двете мрежи. Петар Петковски погоди за 1:1 во 75. минута. Истиот фудбалер пропушти извонредна прилика за својот тим, меѓутоа немаше среќа, ја погоди пречката. Казната стигна во 90. минута. Голот за победа на тимот 1 го постигна Александар Недановски. Конечен резултат 2:1.

Селективен натпревар: ТИМ 1 – ТИМ 2  2:1 (1:0)

(1:0 Михаило Маневски 20`; 1:1 Петар Петковски 75`; 2:1 Александар Недановски 90`) 

ТИМ 1:Филип Илиќ(Боби Целески), Михаило Јакимовски (Александар Недановски), Христијан Каранфиловски (Давид Атанаскоски), Бесар Исени, Костадин Чешмеџиев, Бесарт Кривањева, Стефан Костов, Кристијан Филиповски, Ремзифаик Селмани, Еннур Тотре, Никола Божинов (Филип Стојановски); Тренер: Роберт Стојановски;

ТИМ 2: Беким Реџипи, Јован Попзлатанов, Дин Аломеровиќ, Мартин Мирчевски, Антонио Илиевски (Матеј Цветановски), Дарко Дигаловски, Шпенд Асани, Иридон Илјази, Влатко Стојановски (Тодор Николовски), Валентин Кочовски (Мартин Лекоски), Петар Петковски; Тренер: Звонко Златановски;




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација