О Д Л У К И Од состанокот на Дисциплинска комисија на ФФМ на ден 06.08.2014 година

Објавено на 06 Август, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново Харизанов Иво ,со ИД број 119935 исклучен во 70 минута порадинедозволен старт-втор жолт картон  на натпреварот од 1 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Силекс - ФК Хоризонт Турново одигран на ден 03.08.2014 во 17:30 на  стадионот во  Кратово,  согласно член 35  од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 ( еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  04.08.2014 година

Се поведува дисциплинска постапка против Илиќ Саша тренер на голмани на Ф.К.Вардар од Скопје со број на лиценца 101 ,исклучен  отстранет од теренот во 90+1 поради вербални навреди кон службените лица на натпреварот од 1 коло  ФК Пелистер – Ф.К.Вардар одигран во Битола на 03.08.2014.

Лицето Илиќ Саша тренер на голмани на Ф.К.Вардар Скопје се СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 04.08.2014 година.

 Се задолжува Илиќ  Саша  да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар – Скопје поради насилничко однесување на навивачката група “Комити“ пред завршување  на натпреварот со припадниците на МВР во трибинскиот дел каде што беше сместена навивачката група “Комити“ на натпреварот од 1-во коло Прва МФЛ : Ф.К.“Пелистер“ – Ф.К.“Вардар“  одигран  на градскиот стадион во Битола на 03.08.2014 година. Се задолжува ФК Вардар од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против  ФК “Пелистер“ од Битола поради слаба организација - неспортско однесување на својата навивачка група фрлање на пиротехнички матерјали (петарди) во терен и палење на бакли на трибините за  време на натпреварот :Ф.К.“Пелистер“ -  ФК“Вардар“ , одигран на 03.08.2014 во Битола. Се задолжува ФК “Пелистер“ од Битола - овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против :

Грдановски Симеон фудбалски судија од Струга,

Мацевски Ацо фудбалски судија од Струга

Негриевски Кирил фудбалски судија од Струга

Чакаревски Лазе фудбалски судија од Струга

Карајанов Ѓорѓи фудбалски судија од Гевгелија

Стефков Симеон фудбалски судија од Скопје, а по пријава од судиската комисија на ФФМ од 05.08.2014 година, доставена до Дисциплинската комисија на ФФМ,поради недолично, вулгарно и неспортско однесување –псовки и погрдни зборови упатени кон членовите на комисијата за фитнес, предводена од фитнес тренерот Војневски Славчо, во присуство на службените лица  на судиската комисија Емил Божиновски, Комесарот за делегирање на судии Душан Стојановски, стручниот соработник за фитнес Алилерџан Хаџипази.Се задолжуваат сите наведени лица против кој е покрената дисциплинска постапка да достават писмени изјави во рок од 3(три) дена од денот на приемот во врска со овој настан.

По службена должност писмена изјава во врска со овој настан да достават фитнес тренерот  Војневски Славчо, Емил Божиновски Претседател на судискиот одбор, Комесарот за делегирање на судии Душан Стојановски, стручниот соработник за фитнес Алилерџан Хаџипази.

Се поведува Дисциплинска постапка против Ф.К.“Напредок“ од Кичево поради неуплатена котизација за младите категории за натпреварувачка сезона 2014-2015, а согласно член 87 од ДП на ФФМ, а по пријава од Комисијата за лиценцирање на ФФМ поднесена до Дисциплинската комисија на ФФМ.

Се задолжува Ф.К.Напредок од Кичево – овластено лице на клубот да достави писмена изјава или доказ за извршена уплата во рок од 3(три) дена од денот  на приемот.

Се поведува Дисциплинска постапка против Ф.К.“Брегалница 2008“ од Штип поради неуплатена котизација за младите категории за натпреварувачка сезона 2014-2015, а согласно член 87 од ДП на ФФМ, а по пријава од Комисијата за лиценцирање на ФФМ поднесена до Дисциплинската комисија на ФФМ.

Се задолжува Ф.К.Брегалница 2008 од Штип – овластено лице на клубот да достави писмена изјава или доказ за извршена уплата во рок од 3(три) дена од денот  на приемот.

Се поведува Дисциплинска постапка против Ф.К.“Кожуф Гевгелија“ од  с. Миравци поради неуплатена целосна котизација за натпреварувачка сезона 2014-2015 за учество во Втора МФЛ, а согласно член 87 од ДП на ФФМ, а по пријава од Комисијата за лиценцирање на ФФМ поднесена до Дисциплинската комисија на ФФМ.

Се задолжува Ф.К. .“Кожуф Гевгелија“ од  с. Миравци – овластено лице на клубот да достави писмена изјава или доказ за извршена уплата во рок од 3(три) дена од денот  на приемот.




   
   
А репрезентација