Муамед Сејдини: Треба да продолжиме да веруваме во себе! Благодарност до сите кои дадоа придонес за успешната организација на натпреварите за ЕУРО 2020

Објавено на 20 Ноември, 2019 во Вести


Во име на Фудбалската федерација на Македонија и свое лично би сакал да упатам благодарност до сите кој дадоа придонес за успешната организација на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020. година.  

Исклучително ми е драго што заедно со Вас, навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација создадовме прекрасна атмосфера и на вистински начин ја потврдивме поврзаноста кон фудбалот и спортот воопшто.

Ви благодариме!

Би сакал да упатам искрена честитка до фудбалерите од нашиот најдобар национален состав за игрите и резултатите кои ги остварија во последниот квалификациски циклус за ЕУРО 2020. Многу е важно што фудбалерите веруваат дека можат, знаат колку се квалитетни, а со поддршка и навивање се подготвени за голем резултат.

Треба да продолжиме да веруваме во себе.

Благодарност до Министерството за Внатрешни работи и сите служби кои одлично ја завршија својата задача пред, за време и по натпреварите и им дадоа максимална помош на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, целата организација на натпреварите да помине без проблеми. 

Исклучително ни е чест што добивме поддршка од државните институции и високите гости кои ги следеа натпреварите на македонската репрезентација покажувајќи на тој начин голема почит кон фудбалот и спортот воопшто.

Ви Благодариме!

Благодарност до навивачите и љубителите на фудбалот – ова беа квалификации на кои сите можеме да бидеме горди! 




   
   
А репрезентација