Младинците на Вардар се победници во Купот на Македонија

Објавено на 21 Мај, 2019 во Куп на Македонија, Младински Куп, Вести


Младинскиот тим на Вардар убедливо, со 4:0 славеше против Шкендија и го освои трофејот во Купот на Македонија. На тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје, младинците на Вардар доминираа против тетовци, посебно во првото полувреме кога го решија натпреварот и сосема заслужено се радуваат на пехарот во натпреварувањето. 

Најпрвин, Давид Велковски со глава погоди за 1:0 во 10. минута, а истиот фудбалер во 16. минута со својот втор погодок зголеми на 2:0. Во 19. минута прекрасен гол даде Ибиши од 30-на метри за 3:0. 

Во второто полувреме,  Шкендија се обиде да се врати резултатски во игра, создадоа неколку убави шанси, но не беа искористени. Радески спасуваше од гол линија, а не беше прецизен ниту Рамадани. Кон крајот од финалето, во 84. минута,  Вардар го постигна и четвртиот погодок, откако Али Адем го реализираше пеналот направен токму врз него. 

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР  0:4 (0:3)

Тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје.

Судија: Марјан Дејановски (Кичево).

(1:0 Велковски 10’ - 2:0 Велковски 16’ - 3:0 Ибиши 19’ - 4:0 Адем 84’ пенал)

ШКЕНДИЈА: Абази, Мустафа, Реџепи, Шахини, Бахија, Рамиќ, Реџепи, А. Рамадани, Ф. Рамадани, Мазари, Љума. Играа уште: Спахиу, Каримани, Јакупи, Селмани, Арслани, Амети; 

ВАРДАР: Андов, Радевски, Тасев, Ѓорѓиески, Наумчески, Стојчески, Велковски, Адем, Колевски, Димоски, Ибиши;   Играа уште: Божиновски, Пешевски, Јусуф, Петковски;



   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација