Марко Ван Бастен ќе ја предводи делегацијата на ФИФА в четврток во Скопје

Објавено на 13 Февруари, 2018 во Вести


Марко Ван Бастен, легендарниот холандски фудбалер, сега во улога на директор за технички развој во ФИФА, ќе ја предводи делегацијата на Светската куќа на фудбалот по повод отворањето на сместувачкиот капацитет во комлексот „Куќа на фудбалот“ во четврток, 15. февруари.

Покрај легендарниот голгетер Ван Бастен, гости на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски ќе биде и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, директорот на одделот за Национални асоцијации при УЕФА, Зоран Лаковиќ и Бјорн Васало, директор на Национални селекции при ФИФА.

Новиот објект во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија. Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.




   
   
Актуелности
Календар

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација