Македонската футсал репрезентација одигра 2:2 против силната Португалија

Објавено на 07 Декември, 2016 во Вести


Македонската футсал репрезентација одигра нерешено, 2:2 против фаворизираната Португалија и пропушти шанса за голема победа на турнирот "Скопје 2016". 

Македонија имаше водство од 2:0 во натпреварот, но во последните 10 минути двапати ја вадевме топката од нашата мрежа за реми 2:2 и крај на турнирот со два нерешени натпревари, по 2:2 ремито со Босна и Херцеговина. Нашите репрезентативци во 15. минута го отворија резултатот со голот на Петровиќ. Со предност од еден гол се замина на пауза. По неколку нереализирани ситуации во второто полувреме, Глигоров го удвои нашето водство 2:0. Македонија имаше шанса за убедлива предност, но рамката од голот беше сојузник на Португалија. На пет минути до крајот на натпреварот Куељо погоди за 1:2, а само 15 секунди подоцна, Педро донесе израмнување 2:2.

Португалија е победник на првиот „Скопје 2016“ трофеј, откако имаше една победа над БиХ и едно реми.





   
   
А репрезентација