Македонија со победа го отвори развојниот турнир за девојки до 15 години

Објавено на 17 Октомври, 2022 во Вести, До 17 год жени


Во периодот од 17ти до 22ри октомври, 2022 г. ФФМ е домаќин на УЕФА развојниот турнир за девојки до 15 години, на кој покрај домаќините Македонија учество земаат и селекциите на Косово, Романија и Чешка.

На првиот натпреварувачки ден Македонската селекција за девојки до 15 години го совлада Косово со 4 - 0. Стрелци за македонската репрезентација беа Теона Галабовска која ги постигна првите два гола и Настасја Настова која го зголеми водството на 3-0 и потоа на 4-0.

На вториот натпревар Чешка беше подобра од Романија, со идентичен резултат 4-0.

На списокот на селекторот Јовица Блажески за настап на овој турнир беа повикани следните фудбалерки:

Голмани:

Ангела Блажева, Ања Петрушевска

Одбрана:

Александра Ристевска, Јована Јованоска, Искра Смилевска, Мила Стојановска, Тамара Нешковска, Михаела Марковска

Среден ред:

Теодора Настова, Канита Емини, Теона Галабовска, Ева Величковска, Мила Панева, Сара Атанасовска, Јована Петровска

Напад:

Тајна Грозданоска, Меланија Грозданова, Андреа Коловска, Антонија Спиркоска


Следни натпревари на распоредот на турнирот се:

Македонија - Романија - 19.10.2022 г. (среда) - 12.00 часот / ФФМ Тренинг Центар

Косово - Чешка - 19.10.2022 г. (среда) - 12.00 часот / Стадион Маџари

Македонија - Чешка - 22.10.2022 г. (сабота) / ФФМ Тренинг Центар

Косово - Романија - 22.10.2022 г. (сабота) / Стадион Маџари

Влезот на стадионите е бесплатен.

Сите натпревари можете да ги проследите во живо на ТВ платформата на ФФМ: tv.ffm.mk



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација