Македонија славеше победа над Сан Марино

Објавено на 14 Мај, 2016 во До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години го одигра првиот натпревар од развојниот турнир кој се одржува во Сан Марино. Избраниците на Добринко Илиевски забележаа победа со 2:0 над домаќинот, селекцијата на Сан Марино.

Нашите млади фудбалери одиграа натпревар во кој покрај двата постигнати гола, пропуштија да реализираат и неколку одлични можности. Стрелци на погодоците беа Колевски и Кулушевски.

Репрезентацијата на Македонија на 15 мај (недела) силите ќе ги одмери со Андора, додека два дена подоцна играме со Албанија.



   
   
А репрезентација