Македонија одигра 1:1 на гости со Грузија

Објавено на 08 Септември, 2020 во Вести, УЕФА Лига на Нации


Македонската репрезентација непоразена се враќа од Тбилиси, откако во интересен натпревар одигравме 1:1 против домашната Грузија. Најпрво бевме во негатива, се вративме со израмнувачки гол и доминиравме, а после црвениот картон на Муслиу требаше да се браниме и се одбранивме.

Натпреварот го започнавме лошо и по тринаесет минути игра имавме негатива. Судијата досуди пенал после еден старт на Алиоски, а Ориашвили беше прецизен од белата точка за домашно водство од 1:0. Две минути подоцна можевме и требаше да израмниме кога после еден центраршут на Барди од корнер, Муслиу задоцни за дел од секундата во услови кога домашниот голман ја имаше промашено топката. Одлична акција изведовме во 33-тата минута а одличната асистенција на Пандев во гол за 1:1 ја претвори Стефан Ристовски. До крајот на првиот дел имавме доминација во теренот, но не успеавме со втор гол да ја казниме повлечената грузиска репрезентација.

Во вториот дел домашните се обидоа да наметнат игра, но брзо ја презедовме инициативата, а во истат минута кога селекторот Ангеловски реагираше со две измени (Николов влезе наместо Адеми, а Несторовски го зазеде местото на Трајковски), Елмас имаше убав продор но неговиот удар беше блокиран од домашната одбрана. Изгледавме добро во поле кога во 64-тата минута после еден дуел до домашниот капитен, со црвен картон играта ја напушти Муслиу, па брзо од клупа реагираше селекторот Ангеловски внесувајќи го во игра Бејтулаи на местото на Пандев. Предходно домашните имаа голема шанса, но за наша среќа ударот на Канкава не беше прецизен. Во 76-тата минута нововлезениот Шенгелиа биеше со глава за малку покрај голот на Шишковски. Со играч помалку логично беше Грузија да ја има иницијативата на терен, но нашата репрезентација добро се бранеше и успеа да се одбрани благодарение и на една бравурозна интервенција на голманот Шишковски.

Вака после два наптревари во групата Ц од Лига на Нации, Македонија собра 4 бода а следен предизвик е натпреварот со Косово во месец октомври.

ГРУЗИЈА-МАКЕДОНИЈА 1:1 (1:1)

Стадион Динамо Арена во Тбилиси-Белорусија

Судија: Петер Кјарсград (Данска)

Стрелци: Ориашвили пен. 13’ (Грузија), Ристовски 33’ (Македонија)

Црвен картон: Муслиу 64’ (Македонија)

ГРУЗИЈА: Лориа, Какабадзе, Кхочолава, Квеквескири (Катчарава 85’), Кверквелиа, Канкава, Окриашвили, Квилитаиа (Чакветадзе 62’), Мали (Шенгелиа 75’), Кваратшкелиа, Давиташвили.

Селектор: Владимир Веис

МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Адеми (Николов 59’), Муслиу, Алиоски, Трајковски (Несторовски 58’), Пандев (Бејтулаи 78’), Ристовски, Велковски, Барди, Спироски, Елмас.

Селектор: Игор Ангеловски




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација