Македонија на денешен ден пред 24 години го одигра првиот официјален натпревар

Објавено на 13 Октомври, 2017 во Вести


На денешен ден пред 24 години, репрезентацијата на Македонија го одигра првиот меѓународен натпревар на гостување во Крањ против Словенија. Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски славеше удедлив триумф од 4:1. Македонија настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.

Првиот гол за нашиот репрезентативен тим го постигна Зоран Бошковски - Чоко во 5. Минутаа, а стрелци за Македонија беа уште и Панчев и Јаневски од пенал и Драган Канатларовски.


„Тоа е златна генерација. „Децата“ од мојата генерација беа кадарни да се фатат во костец со најдобрите Европа и затоа без двоумење прифатив да бидам селектор затоа што имав верба во нив“, вели Андон Дончевски. 




   
   
А репрезентација