Македонија ќе игра финале за пласман на ЕУРО 2020. Победа против Косово со 2:1

Објавено на 08 Октомври, 2020 во Вести


Македонската сениорска фудбалска репрезентација се пласираше во финалето од плејофот во Лигата на нации каде што ќе игра против Грузија откако вечерва на „Тодор Проески“ славеше со 2:1 против Косово во полуфиналето.

Натпреварот во Скопје одлично започна за нашата репрезентација, по ударот на Стефан Ристовски, Кололи си го совлада сопствениот голман во 16 минута. 

Израмнувањето пристигна во 29 минута, Хадарѓонај реализираше по паничната реакција на нашата одбрана.

За мирна пауза но и за победа се погрижи Дарко Велковски по нафрлувањето на Енис Барди во 33 минута.

Ако Македонија ја помине Грузија на ЕП ќе игра во група со: Холандија, Украина и Австрија.



   
   
Актуелности

20.05.2024    Вести

31 финале во Купот на Македонија. Тиквеш и Воска Спорт во битка за својот прв трофеј

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets....

Календар
А репрезентација