Македонија до 21 одигра без голови против Австрија

Објавено на 22 Ноември, 2023 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено, без голови против силниот противник, селекцијата на Австрија во рамките на контролниот дуел помеѓу овие две селекции одигран во Риед.

Натпреварот во Риед изобилуваше со многу трчање и борба на двете страни, беа пропуштени неколку добри можности и кај двете репрезентации. На крајот мрежите мируваа.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година пред пет дена беше поразена минимално од селекцијата на Грузија во Скопје, во дуел од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Македонија: Абази, Ангелов, Деспотовски, Фетаи, Крстевски, Максимов, Николоски, Николов, Стојчевски, Тодоровски, Златков;



   
   
А репрезентација