Македонија до 18 учесник на меѓународниот турнир „Анталија Куп 2024

Објавено на 14 Март, 2024 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 18 до 27 март ќе биде учесник на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024", кој ќе се одржи во Анталија, Турција.

На силниот меѓународен турнир, покрај нашата селекција учество ќе земат и младите репрезентации на Молдавија, Естонија и домаќинот Турција. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во склоп на јакиот турнир ќе одиграат три  натпревари на кои ќе се темпира нашата форма.

Сите натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот во склоп на хотелот „Bellis Deluxe".

Првиот меч го играме со Молдавија , на 20 март со почеток во 16. часот.

Во вториот натпревар се среќаваме со селекцијата на Естонија, на 23 март во 18. часот.

Три дена подоцна, на програмата е третиот  дуел против домаќинот Турција. Мечот е закажан за 18. часот.

Селекторот Вујадин Станојковиќ за претстојните предизвици се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Славе Вргов   А.П. Брера

Амар Хаџибулиќ   Работнички

Спаско Ахтаров   Беласица

ОДБРАНА:

Нуман Ајетовиќ   Новаци

Габриел Крстевски   Пелистер

Бојан Ивчески   Победа

Андреј Љубевски   Работнички

Адриан Незир   Арминија Билефелд, Германија

СРЕДЕН РЕД:

Никола Манојлов   Работнички

Матеј Гаштаров   Црвена Звезда, Србија

Давид Ристовски   А.П. Брера

Милот Синани   Арау, Швајцарија

Максимилиан Димитријевски   Борусија Минхенгладбах, Германија

НАПАД:

Веби Ислами   Шкендија

Давид Матески   Силекс

Кристијан Ѓорѓиевски Македонија Ѓ.П.

Јован Постолов   А.П. Брера

Стефан Младеновски   Црвена Звезда, Србија

Андреј Силјаноски   Пелистер

Тарик Демишкоски   Македонија Ѓ.П.

Давор Лефковски   Вардар

Алтин Алији   Македонија Ѓ.П.

На списокот ги нема Анес Мелиќи, Андреј Велков и Мухамед Елмас. Сите тројца се повикани во репрезентација на Македонија до 19 години која ќе биде домаќин на мини турнирот во рамките на Елитната рунда квалификации за пласман на Европско првенство.







   
   
А репрезентација