Македонија до 18: Нерешено и на втората контролна средба против Црна Гора во Скопје

Објавено на 13 Април, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вторито контролен дуел одигра помеѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", Македонија имаше предност од 1:0 и беше подобар противник на теренот, но Црна Гора во 82. минута успеа да го израмни резултатот. Стрелец на погодокот за нашите млади фудбалери беше Александра Богданоски во 48. минута од натпреварот.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски и на првата средба одиграна пред два дена против истиот противник одигра нерешено, без голови.

Македонија: Љупче Џеков, Андреј Аризанкоски, Христијан Стојановски, Ѓорѓи Џеков, Александар Богданоски, Теодор Николовски, Дестан Адили, Лорик Мухтари, Малик Хамзиќ, Амир Нухија, Умерфарук Сулејман;

Селектор: Тони Јакимовски;






   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација