Македонија до 18 години: Нерешено, 2:2 против Албанија на првиот контролен натпревар

Објавено на 24 Април, 2019 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години одигра 2:2 против Албанија до 18 години на првиот контролен натпревар одигран на гостински терен. Бехар Фета во 72. минута и Методиј Максимов во 81. минута беа стрелци на головите за нашата селекција.

Албанската репрезентација поведе во 15. минута, а претходно ние не искористивме шанса за водство преку Марио Илиевски кој ја погоди стативата од голот на противникот. Во второто полувреме, Азер Омерагиќ асистираше до стрлецот на израмнувачкиот погодок Бехар Фета. Албанија од пенал во 78. минута стигна до 2:1, но само три минути подоцна, повторно по додавање на Омерагиќ, Методиј Максимов го постигна израмнувачкиот гол за Македонија.

До крајот имавме шанса за победа преку Фета и Игњатов, но ударите кон голот на албанскиот голман беа непрецизни.

Македонија до 18 години: Марко Алчевски, Филип Костовски, Алтрим Јакупи, Редон Камили, Горазд Стојменов, Александар Ѓурковски, Бехар Фета, Лука Станковски, Марио Илиевски, Димитар Тодоровски, Бесфорт Арифи; Влегоа: Омерагиќ, Терзиев, Николов, Максимов, Игњатов и Далипи; Селектор: Шкумбин Арслани;

Двете селекции утре ќе го одиграат вториот контролен натпревар на стадионот на ФК Сопот со почеток во 13:00 часот. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација