Македонија до 18: Без голови против Азербејџан на првата контролна пресметка во Баку

Објавено на 24 Март, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Азербејџан.

Во Баку, на гостински терен, избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа нерешено, без голови.

Македонија и Азербејџан одиграа тврд натпревар, без премногу простор за игра, со внимателна одбрана и без премногу можности за постигнување погодок.

Најзрелите шанси Македонија ги имашре преку Зенделовски во првото полувреме, Ѓоргиевски и Ливарека, но без реализација.

Македонија: Петар Јакимов, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Валон Алији, Адриан Зенделовски, Мартин Ѓоргиевски, Хадис Таири, Зани Назифи, Хакија Цаноски, Абиола Бамијоко, Мухамед Елмас;

Селектор: Тони Јакимовски;

Вториот контролен дуел овие две селекции ќе го одиграат на 27. март во 15. часот.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација