Македонија до 17: Нерешено против Малта 1:1

Објавено на 31 Октомври, 2023 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 17 години денеска на Сентинари во Та'Али го одигра последниот натпревар од квалификацискиот турнир против домаќинот, селекцијата на Малта.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа нерешено 1:1. Во поголемиот дел од натпреварот имавме игра и водство, но противникот во последните мигови од средбата успеа да постигне погодок за израмнување на резултат.

Македонија поведе преку Етоски во 38. минута од мечот сосема заслужено, со оглед на подобрата игра во текот на првото полувреме.

Во продолжението, односно во 91. минута, селекцијата на Малта преку Мелило изедначува и ги поставува конечните 1:1.

Македонија: Радевски, Ристовски, Атанасовски, Саботиќ, Андоновски, Асланни, Латифи, Локи, Етоски, Јакупи;

Селектор: Дашмир Беари;

Во вториот натпревар од третото квалификациско коло за прво место во нашата групата ќе се соочат репрезентациите на Шпанија и Словачка.




   
   
А репрезентација