Македонија до 17: Нерешено на втората контролна средба со Кипар

Објавено на 25 Август, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години во Струмица го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Кипар.

Мечот заврши без победник 1:1. Избраниците на селекторот Дашмир Беари може да жалат за пропуштените шанси на оваа средба.

По едно полувреме им припадна на двете репрезентации. Противникот прв дојде до предност пред крајот на првото полувреме. Поточно во 42. минута Стилиану добро се снајде и успеа да погоди за предност на Кипар од 1:0.

Во продолжението од мечот, Македонија успеа да погоди за израмнување на резултатот. Адмир Латифи во 55. минута ги постави конечни 1:1.

Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Никола Ангелов, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Адмир Латифи, Каменчо Андоновски, Хисар Али, Албион Муслиу, Флорим Далипи;

Резерви: Марко Киш, Беркај Шаини, Онур Бесир, Артан Исмаили, Милош Спасовски, Един Етоски, Златко Радевски, Лука Макаловски, Алмир Јакупи, Нарт Усеини, Ариф Локи;

Селектор: Дашмир Беари;

Првиот контролен натпревар помеѓи овие две репрезентации заврши со убедлива победа на Македонија од 3:0.



   
   
А репрезентација