Македонија до 17 години славеше убедлива победа од 3:0 над Кипар на првата контролна средба

Објавено на 22 Август, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години, денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар.

Во Струмица, избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа одличен меч, беа подобри од противникот во текот на сите 90. минути и сосема заслужено успеаа да издвојат убедлива победа со 3:0.

Уште на стартот на натпреварот, Македонија наметна иницијатива и создаваше можности пред противничкиот гол. Подобрата игра ја крунисавме со постигнување на погодок во 26. минута од средбата. Стрелен на водечкиот гол за нашите млади фудбалери беше Албион Муслиу. Марко Киш во 33. минута постигнува нов гол за предност на полувремето од 2:0 за Македонија.

Во продолжението, на самиот старт, нов погодок за Македонија. Во 47. минута Адмир Латифи постигнува погодок и ги поставува конечните 3:0. 

Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Никола Ангелов, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Адмир Латифи, Каменчно Андоновски, Хисар Али, Марко Киш, Албион Муслиу, Един Етоски;

Селектор: Дашмир Беари;

Втората контролна средба овие две селекции ќе ја одиграат на 24 август.



   
   
А репрезентација