Македонија до 16 години поразена од Србија на меѓународниот контролен турнир „Миљан Миљаниќ"

Објавено на 10 Мај, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена од соодветната селекција на Србија во рамките на натпреварот од меѓународниот контролен турнир „Миљан Миљаниќ", што се одржува во Стара Пазова.

На денешенит меч, избраниците на селекторот Дашмир Беари беа поразени со 2:0 од домаќинот Србија, која воедно е и најголем фаворит на овој турнир.

Максим Кличковиќ во 19. минути го постигна водечкиот погодок Србија. Конечните 2:0 ги постави Урош Ѓоргевиќ.

Македонија: Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовки, Емир Саботиќ, Здравко Перески, Хисар Али, Стефан Младеновски, Каменчо Андоновски, Павел Трајковски, Адмир Љатифи, Давид Ивановски;






   
   
А репрезентација