Македонија до 15 поразена од Малта на првата контролна средба

Објавено на 12 Декември, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот контролен меч против соодветната селекција на Малта.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски беа поразени со 2:0.

Македонија прва се закани по голот на противникот преку Грашевски во 5. минута. Митановски во 7. минута се најде во одлична можност, но неговиот удар во последен момент бепе изблокиран.

На почетокот на второто полувреме, репрезеднтацијата на Малта поведе со 1:0. Македонија повторно се закани преку Грашевски, но бз реализација. Во 67. минута, домаќинот успеа да го зголеми резултатот на 2:0. Во 69. минута Стоилов ја имаше последната добра можност за Македонија.

Македонија: Антониј Трајковски, Енвер Фејзуловски, Стефан Стаматовски, Лорент Жаку, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Иво Марковски, Давид Ангелевски, Стефан Бранковски, Алексанар Грашески, Илија Митановски;

Селектор: Раде Каранфиловски;



   
   
А репрезентација