Македонија до 15 одигра два контролни натпревари против Албанија во Охрид и Елбасан

Објавено на 09 Јуни, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години на 7 и 9 јуни одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија. По една победа остварија двете  репрезентации

Првиот контролен дуел, двете селекции го одииграа во Охрид, каде што избраниците на селекторот Драган Начевски по првото полувреме беа во негатива од еден погодок, успеаа на крај да остварат победа со 3:2. 

Ѓанѓаровски одигра одличен натпревар и успеа да се запише два пати во листата на стрелците. Мамути погоди за минимална победа.

Втората контролна средба меѓу овие две селекции беше одиграна во Елбасан. Репрезентацијата на Албанија забележа победа со 3:2.

Ѓанѓаровски и на оваа средба беше стрелец на погодолот, од пенал. Вториот погодок за Македонија го постигна Исламовиќ.






   
   
А репрезентација