Македонија - Финска во живо на tv.ffm.mk во 17:00 часот

Објавено на 23 Март, 2018 во Вести


Натпреварот меѓу Македонија и Финска кој се игра денеска во 17.00 часот по македонско време следете го низ директен пренос на tv.ffm.mk. Контролниот дуел во Белек на “Глорија” арена ќе биде покриен со видео асистенција за судиите (т.н. ВАР - систем), што ќе биде првпат една наша селекција да игра по новите правила за спорни моменти на ФИФА. 

Против Финска, нашата најдобра репрезентација бара продолжување на низата позитивни резултати. На 27. март, исто така во Белек, но на арена “Мардан”, Македонија игра контролна пресметка против Азербејџан. 



   
   
А репрезентација