Лига на Нации: Македонија во група со Ерменија, Фарски О. и Летонија

Објавено на 08 Февруари, 2024 во Вести, Вести

Благоја Милевски: Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата.

Европската фудбалска федерација - УЕФА ја одржа ждрепката за новото издание на Лигата на нациите кое започнува во септември оваа година. 

Репрезентацијата на Македонија своите ривали во Лига Ц ги очекуваше од третиот барабан. Репрезентацијата предводена од Благоја Милевски на извлекувањето во Париз се најде во група со Ерменија, Летонија и Фарски Острови.

Групи во Лигата на нации - Лига Ц:

Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија

Со сите репрезентации Македонија има позитивен биланс. Фарски Острови е селекција против која не сме играле со  оваа генерација фудбалери.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај.

Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави.

Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани.

Да имаме прав пристап против секој противник.

Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања.

Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата”.

Лигата на нациите стартува со натпреварите во септември, а продолжуваат со натпревари во октомври и ноември. 




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација