Квалификациски турнир во Скопје за фудбалери до 19 години

Објавено на 12 Март, 2024 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 20 до 26 март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во рамките на Елитната рунда за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи од 15 до 25 јули во Северна Ирска.

Натпреварите од Елитната рунда квалификации ќе се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски" и стадионот на Македонија Ѓ.П.

Нашите млади фудбалери се наоѓаат во групата 7 заедно се репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Во рамките на првото коло од мини квалификацискиот турнир, избраниците на селекторот Тони Јакимовски ќе се соочат со Украина на 20. март, на тренинг центарот „Петар Милошевски".Во вториот натпревар играат Швајцарија и Летонија, на стадионот на Македонија Ѓ.П.

На 23. март, Македонија силите ќе ги одмери со Швајцарија. Натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски". Во Ѓорче, во вториот натпревар играат Украина и Летонија.

Третото коло на програмата е на 26. март. Македонија игра со Летонија (тренинг центар Петар Милошевски), a Украина со Швајцарија (стадион на Македонија Ѓ.П).

Сите натпревари ќе бидат одиграни со почеток во 14. часот. Победникот во групата 7 од квалификацискиот турнир во Скопје, ќе биде учесник на Европското првенство 2025 година во Северна Ирска.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Тони Јакимовски за претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Љупче Џеков   Силекс

Петар Јакимов   Беласица

Давид Стојановиќ   Македонија Ѓ.П.

ОДБРАНА:

Анес Мељичи   Шкендија

Андреј Велков   А.П. Брера

Андреј Аризанковски   А.П. Брера

Даниел Марковски   Хелсенборг, Шведска

Ѓорѓе Џеков   Силекс

Марко Стојилевски   А.П. Брера

СРЕДЕН РЕД:

Валон Алији   Унион Берлин, Германија

Зани Назифи   Беса

Мухамед Елмас   Гостивар

Мартин Ѓоргијевски   А.П. Брера

Теодор Николовски   Работнички

Лорик Каба Јакупи   Шкендија

Лорик Мухтари   Еицхеде, Германија

Амир Нухија   Арсими

Димитар Данев   Работнички

Адриан Зенделовски   Сковде АИК, Шведска

НАПАД:

Хакија Цановски   Сент Гален, Швајцарија

Никола Величковски   Македонија Ѓ.П.


Елитна рунда квалификации, турнир во Скопје 20 - 26 март;

Репрезентации до 19 години;

Група 7:

ШВАЈЦАРИЈА

УКРАИНА

МАКЕДОНИЈА

ЛЕТОНИЈА









   
   
А репрезентација