Куп на Македонија: Извлечени осминафиналните парови

Објавено на 26 Септември, 2023 во Куп на Македонија, Вести


Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот од ланската сезона во натпреварувањето, Струга Трим Љум ќе гостува кај Воска.

Работнички ќе игра против Шкендија, Пелистер против Тиквеш, Шкупи со Охрид, додека пак Брегалница за противник го има тимот на Јанг Тим. Силекс ќе ги одмери силите со Башкими, додека Брера со Гостивар.

Мечевите за закажани за 25. октомври.

ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Вардар - Македонија Ѓ.П

Брегалница - Јанг Тим

Работнички - Шкендија

Силекс - Башкими

Пелистер - Тиквеш

Брера - Гостивар

Шкупи - Охрид

Воска - Струга




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација