Контролни натпревари за генерациите до 15 и 16 години, фудбалската иднина гостува на Кипар

Објавено на 12 Декември, 2017 во Вести


 Македонските фудбалски надежи до 15 и 16 години на 12. и 14. декември ќе одиграат по две средби со соодветните селекции на Кипар. Националната селекција до 15 години двете средби ќе ги игра на стадионот „Kouklia Community“.  Терминот на одигрување на првиот натревар е во 14.30, додека реваншот е закажан два дена подоцна во 11.00 часот.

На списокот на Македонија за оваа репрезентивна активност се повикани следните фудбалери: ГОЛМАНИ: Стефан Митров (ФК Баден), Лука Стојовски (ФК Вардар) ОДБРАНА: Љавдрим Ибрахими (Академија ФФМ), Абдулах Хасани (ФК Вардар), Андреј Стојчевски (Академија ФФМ), Стефан Деспотовски (ФК Ред Стар), Христијан Николовски (Академија ФФМ), Самет Реџепи (Академија ФФМ), Васко Глигоров (ФК Академија Пандев) СРЕДЕН РЕД: Дарко Стојановски (Академија Пандев), Октај Ракипи (Академија ФФМ), Лука Ѓоргиевски (ФК Војводина), Ване Крстевски (Академија ФФМ), Дамјан Ќосевски (Академија ФФМ), Бахир Фета ( Академија ФФМ), Филип Трпчевски (ФК Хакен) НАПАД: Дарко Марковски (Академија ФФМ), Дешмир Елези (ФК Шкендија), Грегори Давков (Академија ФФМ) и Емир Саитовски (ФК Олимпија).

Младата репрзентација до 16 години ќе игра на стадионот „Paphiako Stelios Kyriakides Stadium “. На 12. декември натреварот започнува во 11:00 часот, додека реванш средбата е во 14:30. Селекторот Марио Вујовиќ за двата натревари со Кипар ќе смета на следните играчи: ГОЛМАНИ:Марко Алчевски (ФК Академија Пандев), Филип Ваневски (ФК Металург), ОДБРАНА: Александар Ѓурковски (ФК Вардар),Горазд Стојменов (ФК Њу Старс), Јасин Сали ( ФК Њу Старс), Филип Костовски  (ФКЊу Старс), Али Асани (ФК Вардар), Антониј Патејчик (ФК Вардар)СРЕДЕН РЕД:Иван Николов (ФК Академија Пандев), Владе Новевски (ФК Војводина-Србија), Филип Андоновски (ФК Вардар)Стефан Ѓоргиев (ФК Њу Старс), Лука Станковски (ФК Работнички) НАПАД: Сава Аврамовски (ФК Црвена Звезда-Србија), Марио Костески  (ФК Работнички), Ариф Бесфорт (ФК Стандард-Белгија), Андреј Живиќ (ФК Реал Ниш-Србија)Марио Илиевски (ФК Вардар) и Методи Максимов (ФК Работнички).




   
   
А репрезентација