Конкурс за упис на тренери на курсот за УЕФА Ц лиценца

Објавено на 05 Април, 2022 во Вести, Семинари


Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за упис на тренери на курсот за УЕФА „Ц“ лиценца.

Услови на упис на курсот за тренер со УЕФА Ц-диплома:

- Најмалку 18 години старост;

- Најмалку 2 години активно играње фудбал во редовно младинско натпреварување при ФФМ - потврда од фудбалски клуб;

- Завршено средно образование;

- Уплата од 200 евра на ж-ска на ФФМ - со можност на плаќање на рати, 300000001599760 Комерцијална Банка;

- Задоволителна здравствена состојба - заводи за спортска медицина, се доставува при доаѓање на семинарот;

- Уплата на 35 евра за пријава и одржување на испити и издавање на диплома – лиценца - уплатницата се доставува при доаѓање на испит

Конкурсот е отворен за пријави до 30.04.2022 година, а термините за одржување ќе бидат дополнително одредени по завршување на рокот за пријавување и формирање на групата. За почеток на семинарот тренерите ќе бидат известени по пат на електронска пошта или порака.

Заинтересираните кандидати потребните документи можат да ги достават во ПДФ форма на следната емаил адреса:

bojan.markovski@ffm.com.mk




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација