Конкурс за елитна скаутинг програма

Објавено на 01 Декември, 2021 во Вести, Семинари


УЕФА Академијата во соработка со универзитетот во Лозана, Швајцарија  и Centre de Droit et d’Economie du Spor во Франција објавува конкурс “Елитна скаут програма” како дел од новиот каталог курсеви за 2022.

Елитната скаут програма е три месечна програма специјално дизајнирана за фудбалски скаути, тренери, поранешни фудбалери кои сакаат да започнаат кариера како скаути во една модерна фудбалска средина.

По завршувањето на програмата во која се стекнувате со најновите иновативни технички алатки и методи со кои ќе работите по највисоките стандарди во самата професија, ќе може да започнете успешна кариера како елитен фудбалски скаут.

Програмата се состои од:

-   три семинари во живо (задолжително физичко присуство) и 

-  две on line работилници.

Програмата се состои од теорија, практични вежби, како и изјави на моментално најдобрите во професијата; скаути, видео аналитичари, спортски директори.

Програмата се изведува на  англиски јазик.

Максимален број на слободни места е 35.

   Цената на курсот изнесува 7.900 евра.

Апликациите се во тек, а курсот започнува во март 2022.

Краен рок за апликација е 13. фебруари 2022.

Тие кои ќе одлучат  да аплицираат може да го направат на следниот линк за аплицирање: https://uefaacademy.com/courses/esp/

Брошурата за програмата може да ја најдете на следниот линк: https://uefaacademy.com/wp-content/uploads/sites/2/2021/10/UEFA_certificate_scouts_Brochure_final_web-2.pdf

За самата програма охрабруваме да се пријават и машки и женски кандидати.

За да може да аплицирате треба да ги исполнувате следните услови:

-  Да бидете флуентни во англиски јазик (пишана и разговорна форма)

-  Да имте најмалку две години работно искуство во фудбалската индустрија како скаут, тренер или професионален играч.

Доколку имате дополнителни прашања обратете се на следниот контакт:

academy@uefa.ch





   
   
А репрезентација