Клупско лиценцирање за УЕФА сезона 2017/18 година

Објавено на 15 Мај, 2017 во Одлуки, Вести


Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија ја дава следната информација во врска со лиценцирањето на клубови за настап во УЕФА натпреварувања за сезона 2017/18, по одлуките на Комисија за лиценцирање на ФФМ:

За учество во клупски натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2017/18 од Прва МФЛ пријава/барање доставија 7 клубови. По извршениот преглед на доставената документација, комисијата за лиценцирање на ФФМ ги донесе следниве одлуки:

-  Се одобрува барањето и се издава лиценца за УЕФА натпреварувања на клубовите:

ФК Вардар АД - Скопје

ФК Пелистер АД - Битола

ФК Работнички АД - Скопје

ФК Ренова АД – с.Џепчиште

ФК Силекс АД - Кратово

ФК Шкендија АД - Тетово

-  Не се одобрува барањето и не се издава лиценца за УЕФА натпреварувања на:

ФК Брегалница 2008 АД - Штип




   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација