Објавено на 26 Јануари, 2015 во Лиценцирање, Вести
Согласно рокот за пријавување на клубовите од ФФМ за клубското лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2015/16, заклучно со 15.01.2015 следниве клубови се пријавија за европска лиценца:
- ФК Вардар
- ФК Работнички
- ФК Шкендија
- ФК Силекс
- ФК Ренова
- ФК Металург
- ФК Тетекс
- ФК Турново
- ФК Пелистер
Завршена е и дистрибуција на потребните информации и обрасци од страна на ФФМ кон клубовите согласно временската табела, а во тек на месеците Февруари и Март следи достава и комплетирање на документите од страна на клубовите до Одделението за Лиценцирање на ФФМ, по што ќе биде одлучено кои клубови ќе се стекнат со потребната лиценца за учество во следната УЕФА сезона.
ФФМ има едно место во квалификациите за Лига на Шампиони и три места во квалификациите за Лига Европа.Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...