Ќатип Османи: Фаворитската улога треба да ја потврдиме и на теренот; Неџат Хусеин: Нема да излеземе со бело знаме

Објавено на 22 Мај, 2018 во Вести


Во пресрет на утрешното финале од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица прес - конференција одржаа тренерите на двата тима, на ФК Пелистер, Неџат Хусеин и ФК Шкендија, Ќатип Османи, а свои изјави имаа и капитенот на тетовци Ферхан Хасани и фудбалерот на Пелистер, Благојче Марковски.

-Шкендија влегува како голем фаворит на натпреварот. На убедлив начин го освоија првенството, а со начинот на кој тоа го направија покажаа дека ја имаат најдобрата екипа во Македонија во последните неколку години. Ние сме во финале и ќе се обидеме да се спротивставиме најдобро што можеме. Однапред не се предаваме, напротив, се надевам дека ќе играме добар фудбал и ќе се бориме до крај, изјави тренерот на ФК Пелисер, Неџат Хусеин. 

-Не очекува финале, тоа е важно, не треба да не залажуваат победите во првенството. Ова е еден натпревар и треба да го сфатиме максимално сериозно. Наша цел е титула и во Купот на Македонија и ќе се обидеме да ја освоиме. Го почитуваме Пелистер, но најбитни сме ние. Имаме голема шанса да ја оствариме победата за најголем успех во историјата на клубот и ќе дадеме се од себе тоа и да го направиме, рече тренерот на ФК Шкендија, Ќатип Османи.

Благојче Марковски (ФК Пелистер) изјави дека неговиот клуб нема да излезе со „бело знаме“ на утрешното финале, се надева на голема борба и добар натпревар. Ферхан Хасани (ФК Шкендија) рече дека Шкендија сезонава има цел да ја освои двојната круна, но тоа треба да го потврдат на утрешното финале. 

Финалето од Купот на Македонија се игра утре во 20:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација