Извлечени паровите за полуфиналните пресметки од Купот на Македонија

Објавено на 09 Декември, 2016 во Вести


Денеска во комплексот „Куќа на фудбалот" без извлечени двојките од полуфиналните натпревари во рамките на Купот на Македонија.

Актуелниот лидер на првенствената табела, екипата на Вардар за противник го доби бранителот на Куп трофејот, тимот на Шкендија. На вториот натпревар силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и Пелистер.

Првите средби ќе се одиграат на 1 март (среда) со почеток од 14.00 часот, додека реваншите се закажани за 19 април (среда) во истиот термин.

Распоредот на средбите од полуфиналето на Купот на Македонија:

ВАРДАР - ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА - ПЕЛИСТЕР



   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација